Фановите на Брус Спрингстин доживеаја посебно изненадување кога на концертот на стадионот Енфилд во Ливерпул му се придружи Пол Макартни, пишува BBC.
Поранешниот член на легендарните Битлси излезе на бината во саботата за време на вториот концерт на 75-годишниот американски музичар во овој англиски град, во рамките на турнејата Land of Hope and Dreams.
Спрингстин, долгогодишен фан на Битлси, се појави со Макартни на бис.
Двајцата музичари се прегрнаа и отпеаа хит на Битлси „Can’t Buy Me Love“.
Настапот на Макартни во неговиот роден град е прв од 2018 година, кога таму одржа концерт како дел од својата турнеја, и прв настап на стадионот Енфилд од 2008 година, кога Ливерпул беше европска престолнина на културата.