Search

Покривањето на бебешката количка со ткаенина е опасно по живот за детето

Секоја година, со доаѓањето на потоплите денови, гледаме една иста слика низ градот. Родителите ги покриваат количките со разни марами и пелени за да ги заштитат своите деца од сонцето. Од чиста добра намера, тие ги ставаат своите деца во опасност. Не се ни сомневајќи дека можат да им ги загрозат животите.

Педијатарот Сванте Норгрен од детската болница Астрид Линдгрен во Стокхолм, вели дека дури и најтенката памучна ткаенина ја зголемува температурата во количката и го блокира слободниот проток на воздух. Тестот направен за да се потврди ова покажал дека по само 30 минути, во топол ден, температурата во покриената количка достигнала 34 степени. За полесно да ги разберете температурните односи, еве еден пример.

Ако надвор е, да речеме, 25 степени, температурата во количка покриена со импровизирана покривка е дури 15 степени повисока, односно е 40 степени. Бебе во таква количка едноставно може да врие. Додека нашето тело се лади со пот, бебето ја нема таа можност. Неговата телесна температура се зголемува и тоа се прегрева. А прегревањето може да доведе до топлотен удар, кој може да предизвика оштетување на централниот нервен систем, оштетување на мозокот, па дури и смрт.

Еве неколку совети кои треба да ги следите во овие летни горештини:

  • Заборавете на импровизираното покривање за количката. Користете ги навлаките кои се наменети за ова или оние што доаѓаат со количката.
  • Избегнувајте да бидете на отворено од 10 до 16 часот.
  • Не ставајте капа на бебињата бидејќи тие губат најмногу топлина преку главите. Ставањето на капа за време на топли денови може да доведе до прегревање.
  • Облечете го детето во лесна облека што ѝ овозможува на кожата да дише.
  • Не ставајте чорапи на нозете на бебето.
  • Погрижете се детето да пие доволно течности.

Најдобро би било целосно да избегнувате да бидете на директна сончева светлина од 10 или 11 часот до 17 часот, советува педијатарот д-р Џована Армано и додава дека можете да ги капете и туширате бебињата и децата неколку пати на ден, за да ги олесните летните горештини.

„Доколку остануваат во затворени простории, се препорачува да бидат проветрени и климатизирани простории. Самите климатизери не се идеално решение, па ако е можно, би било добро да се проветри просторијата природно и можеби повремено да се користат вентилатори кои го мешаат воздухот. Во просториите со клима уреди, внимавајте температурата да не е многу пониска во просторијата отколку надвор бидејќи тоа не е здраво. Искористете го секој момент за да го држите детето на отворено, можеби во сенка на некои борови дрвја или на терасите под тенда “, вели педијатарот.

Извор: 24sata

Најново

Последни колумни