Погреши ли Јапонија што издаде предупредување за можен мега-земјотрес?

Фото: rawpixel.com

Откако минатата недела се случија неколку земјотреси во западниот дел на Јапонија, властите започнаа со акција. Метеоролозите предупредија за можно цунами, а посебна агенција за прв пат издаде и предупредување за зголемен ризик од „мега-земјотрес“.

Властите ги повикаа жителите на внимание и нагласија дека предупредување не значи дека со сигурност ќе има мега-земјотрес, туку дека веројатноста за таков да се случи е поголема од обично. Предупредувањето е издадени само неколку часа откако островот Кјушу беше погоден од земјотрес со јачина од 7,1 степен, после кој не беше забележана поголема штета. Експертите издадоа низа препораки за претпазливост, бидејќи епицентарот се наоѓал на работ на процепот Нанкаи, подрајче на сеизмичка активност кој се протега на јапонскиот пацифички брег.

Властите им препорачуваат на граѓаните во следните неколку денови да бидат подготвени, да имаат доволно залихи и тие кои не може брзо да се евакуираат да размислат привремено да се преместат на друго место. Покрај овие предупредувања, возовите низ Јапонија исто така возат побавно, а премиерот ги откажа и патувањата во странство.

Дел од предупредувањата, властите започнуваат да ги повлекуваат, но поголемиот дел од земјата се уште е вознемирен.

Јапонија е земја каде што земјотресите се чести, бидејќи е сместена во Огнениот прстен – низа од најмалку 450 активни и привремено неактивни вулкани покрај бреговите и во целиот Пацифички океан.

„Јапонија се наоѓа на границите на четири тектонски плочи, поради што е подрачје со најмногу земјотреси. Околу 10 отсто од светсктие земјотреси со јачина од 6 или повеќе се случуваат во или околу Јапонија, поради што ризикот е многу поголем отколку во Европа или на истокот на САД“ вели Шоичи Јошиока, од Универзитетот Кобе во Јапонија.

Најсилниот земјотрес во поновата историја се случил во Тохоку во 2011 година со јачина од 9,1 степен. Овој земјотрес предизвика и големо цунами и нуклеарна катастрофа. Починаа околу 20 илјади луѓе.

Ваквите мега-земјотреси се случуваат во регионот на секои 90 до 200 години, а експертите веруваат дека постои 70 до 80 отсто во следните 30 години, регионот на расцепот Нанкаи да го погоди земјотрес со јачина од 8 или 9 степени.

Според најлошите проценки, во случајот на таков земјотрес (и цунамито кое би следувало) може да загинат над 200 илјади луѓе.

Расцепот Нанкаи е 700 километри долга зона на субдукција, каде тектонските плочи се лизгаат една под друга. Таму, тектонската плоча под Филипнското море пополека се лизга под континенталната плоча на која се наоѓа Јапонија, движејќи се по неколку центиметри секоја година.

„На своите студенти им кажувам дека сигурно ќе има силен земјотрес во расцепот. Можеби во вашата генерација, а можеби во генерацијата на вашите деца“ вели Јошиока.

Сеизмологот Роберт Гелер од Универзитетот во Токио е поскептичен и вели дека мега-земјотрес во расцепот е измислена конструкција и хипотетско сценарио. Тој исто така тврди дека земјотресите не се случуваат во циклуси, туку може да се случат на било кое место и во било кое време, поради што нема смисла да се калкулира кога би се случил следниот голем земјотрес врз основа на тоа кога бил последниот.

Сепак, не сите сеизмолози се согласуваат со него. Експертите веќе подолго време се потпираат на теоријата дека на местото каде што се сретнуваат тектонските плочи пополека се собира стрес, кој во циклуси се ослободува во форма на земјотрес.

Фото: Oghmoir at the English Wikipedia, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Во врска со актуелното предупредување на јапонските власти и Јошиока и Гелер сметаат дека шансите за мега-земјотрес се мали и дека властите претерале со некои од мерките.

„Вистина е дека по првиот земјотрес може да следи и друг, појак, поради што властите во четвртокот издадоа предупредување без преседан“ вели Јошиока.

„Но, дури и тогаш веројатноста дека следниот ден ќе се случи земјотрес во расцепот Нанкаи била ниска. Можеби се зголемил ризикот од еден спрема 1000 на еден спрема неколку стотици, но тоа е се уште помалку од еден отсто шанси“ вели тој.

Според него не е добро да се креира паника, за граѓаните да не се заморат од ваквите предупредувања, па после да станат имуни.

Јота Сугаи, 22-годишен студент, по предупредувањтео за мега-земјотрес започнал да се подготвува – обезбедил залихи на храна и вода, ги проучил опасните региони и направил планови за евакуација.

„По неодамнешниот земјотрес сфатив дека никогаш не знаете кога може да се случи. Открив колку е природата навистина моќна“ вели тој.

Извор: Индекс.хр

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни