Погодена зградата во Киев во која се наоѓа Амбасадата на Македонија, нема повредени

Во нападот, како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата.

Истовремено, министерството најостро ги осуди денешните ракетни напади на руската армија врз Киев.

„Воедно, информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев.

,,Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање“, соопшти МНР.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни