Ексклузивни фотографии од небото над локалитетот Стоби на фотографот Томислав Георгиев кој успеа преку неговиот објектив да ја долови целата убавината на нашата галаксија.
„Млечниот пат“ во летните месеци кога ноќното небо ќе стане космичко ремек-дело, е една од најубавите глетки. Небесна слика и импресионистички вител на бои, кои ги претставуваат разгорувачките магнетни полиња во огромните облаци од прашина. Боите претставуваат различни температури на меѓуѕвездената прашина. Ладна, густа прашина е зелена, потоплата прашина е розова.
Млечниот пат е спирална галаксија која припаѓа на група на галаксии во нашата вселена. Иако е само една од милијардата галаксии кои постојат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвото како матична на нашиот Сончев Систем.
Народни верувања во Македонија
Летно време, по средината на целото небо се гледа белузлавата лента која кај народот има две имиња: Кумова Слама и Попова Слама, од кои второто најверојатно е постаро народно име. Според преданијата, на небото е отсликана кражбата на слама на некој поп (или кум) од кумашинот.
Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што е соѕвездието – Стрелец, кон Галактичкото Средиште.
Факти за Млечниот Пат
Галаксијата Млечен Пат е нашиот дом во постоечкиот Универзум, таа е решетка на спирална галаксија со дијаметар од 100.000-120.000 светлосни години која содржи 200-400 милијарди ѕвезди и најмалку исто толку планети вклучувајќи го и нашиот Сончев систем. Овие ѕвезди формираат голем диск чиј дијаметар е околу 100.000 светлосни години. Исто како што Земјата се врти околу Сонцето, Сонцето оди околу центарот на Млечниот Пат. Потребни се 250 милиони години за нашето Сонце и Сончевиот систем да го обиколат центарот на Млечниот Пат.
Галаксијата Млечен Пат е стара приближно 13,7 милијарди години, речиси колку и самиот универзум.
А сета убавина на тој универзум е над нас, бесконечен со сите свои бои.