Погледнете ги пријавените песни поради кои Молдавија одлучи да не оди на Евровизија

Молдавија оваа година нема да се натпреварува на Изборот за песна на Евровизија во Базел, Швајцарија. Одлуката е донесена по „детална анализа на моменталната ситуација, како и на економските, административните и уметничките предизвици“, објави молдавската телевизија ТРМ.

Откажан е и Etapa Națională, нивниот национален избор за песна на Евровизија.

„Одлуката не беше лесна, но е неопходна во сегашните околности. Овогодинешниот национален избор истакна одредени предизвици, вклучувајќи го и падот на јавниот интерес и севкупниот квалитет на песните и уметничките изведби. Овој факт создаде негативна перцепција кај експертите и кај јавноста, истакнувајќи ја потребата од значителна реформа на процесот на селекција.“, рече директорот на телевизиската мрежа Молдавија 1, Корнелиу Дурнеску.

ТРМ има намера да ги ревидира критериумите и методологијата за избор, да поттикне пошироко учество на талентирани уметници и да овозможи поконзистентна и конкурентна културна застапеност на меѓународната сцена. Нагласуваат дека ги почитуваат мислењата на стручните лица и јавноста.

Шефот на молдавската евровизиска делегација, Даниела Круду, најави дека во иднина ќе се врати на Евровизија.

„Оваа одлука не беше лесна, но ве уверуваме дека е детално анализирана. Знаеме дека сите би сакале да организираме национален избор и да избереме песна што ќе не претставува на меѓународната сцена. Сепак, цврсто веруваме дека оваа одлука ќе го зголеми интересот за учество во идните изданија „Ќе обезбедиме враќање на Евровизија“, изјави Даниела.

Молдавија учествува на Изборот за песна на Евровизија секоја година од нивното деби во 2005 година. Нивниот најдобар резултат беше во 2017 година, кога поп/денс триото Sunstroke Project заврши на третото место со хитот Hey Mamma.

Од 19 пати што сме ја гледале Молдавија на Евровизија, тие успеале да се квалификуваат во 13 големи финалиња.

Во продолжение дел од пријавените песни за молдавскиот избор оваа година:

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни