Со бројни извештаи дека многу граѓани на Шпанија и Португалија останале без вода за пиење, луѓето купуваат залихи во паника.
Сцените од супермаркетите како што ги видовме за време на пандемијата на коронавирус се шират
Полиците се празни, а тешко е да се најде пакет вода и други потребни производи во супермаркетите.

Кеј Кларк, која живее во Форос де Амора, јужно од Лисабон, за „Скај њуз“ изјави дека луѓето првично се насочувале кон евтина негазирана вода, но бидејќи залихите брзо снемале, сега купуваат и газирана и поскапа вода.

„Имаме новороденче, немаме струја ни вода. Надворешниот свет е во хаос. Се случуваат сообраќајни несреќи бидејќи нема семафори, а луѓето се заглавени во лифтови во станбените згради“, рече Џорџ Аткинс.