„Поглед во Недоглед“ на Стојановски пред тиранската публика

Македонскиот скулптор и сликар, Марјан Стојаноски со 18 дела се претстави пред тиранската публика со својата изложба „Поглед во Недоглед“. Посетителите со воодушевување пристапија на секое едно дело и имаа можност да поразговараат со самиот автор, кој на големо задоволство зборуваше за своите мотиви и инспиративни нишки кои го воделе при творењето.

Покрај тиранскиот уметнички свет, присутни беа и амбасадорите од Франција, Австрија, Холандија, Саудиска Арабија, Алжир, Јапонија, дипломати од Кина, Србија и Црна Гора.

Овој пат, како што е редовна практика во македонскиот КИЦ Тирана да се претстави и некој наш производ, секој од посетителите доби подарок, Т,га за Југ, вино од винаријата Тиквеш.

Инаку, Марјан Стојаноски завршува ФЛУ во Скопје, во класата на професорот Ибрахим Беди. Член е на ДЛУП и Друштвото на ликовни уметници на Македонија ДЛУМ. Во два наврати е претседател на ДЛУП, каде што во 2015 година како член ја добива наградата за скулптура „Јордан Грабул”.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни