Поетска вечер во чест на Ернесто Ерередеро дел Кампо во Скопје

Ернесто Ерередеро дел Кампо беше заменик-шеф на Мисијата при Амбасадата на Шпанија речиси три години, завршувајќи го својот мандат во август 2023 година. Ернесто беше почитуван дипломат и филозоф, но и посветен поет и уметник. Автор е на две поетски збирки, двете преведени и на македонски јазик.

Денес во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“, на македонски и на шпански јазик ќе се одржи поетска вечер каде ќе се прочитаат песни во чест на прерано починатиот Ернесто Ерередеро  дел Кампо од неговите пријатели и колеги.

Ернесто Ерередеро дел Кампо беше заменик-шеф на Мисијата при Амбасадата на Шпанија речиси три години, завршувајќи го својот мандат во август 2023 година. Ернесто беше почитуван дипломат и филозоф, но и посветен поет и уметник. Автор е на две поетски збирки, двете преведени и на македонски јазик. Неговата втора стихозбирка, „Македонски погледи“, беше објавена во јуни 2023 и беше претставена низ целата земја во рамки на поетската турнеја што ја направи заедно со соавторот и негов близок пријател Марио Де Роса, заменик-шеф на Италијанската амбасада во Скопје.

Пред една година, додека служеше во Чиле, животот на Ернесто одненадеж трагично згасна поради срцев удар, тоа беше голема загуба и за неговото семејство и за бројните пријатели што ги остави зад себе во Македонија и низ светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни