„Поетска епизода #10“ – 100 години надреализам

Младинското здружение „Култура Бета“ ја најавува 10-та по ред „Поетска епизода“ која ќе се одржи на 12 април од 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“.

Овој пат „Поетска“ е посветена на 100 години надреализам и по тој повод ќе читаат повеќе автори од различни генерации надреалистичка поезија, но и своја авторска поезија или проза.

Најавени се поетите Влада Урошевиќ, Фросина Пармаковска, Иван Шопов, Дарија Јовановска, Дејвид Величковски и Јована Стаматовска

Настанот ќе го модерираат Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова

„Поетска епизода“ е настан организиран од Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“. Настанот е поддржан од кафе-книжарницата „Буква“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни