Поетот Славе Димоски е добитник на државната награда „23 Октомври“

Наградата ќе му биде врачена на добитникот на 23 октомври 2024  година (среда) во 12 часот во Собранието на Република Северна  Македонија
CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 100

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ на седницата одржана на 4.10.2024 година донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2024 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Наградата „23 Октомври“ за остварување во областа на културата и уметноста му се доделува на Славе Димоски, поет.

Претседател на Одборот за доделување на наградата „23 Октомври“ е Блаже Миневски.

Наградата ќе му биде врачена на добитникот на 23 октомври 2024  година (среда) во 12 часот во Собранието на Република Северна  Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни