Македонската поетеса и романсиерка Лидија Димковска која е една од најзначајните авторки претставена надвор од Македонија, овојпат со свои песни е претставена во значајното книжевно списание „VerseVille“ кое низ годините прерасна во еден од најважните книжевни магазини кои опфаќаат литература од целиот свет. Списанието ги застапува некои од најзначајните имиња во современата книжевност и во изданијата прави комбинација од уредник кој гостува на изданието и постоечката редакција.
„VerseVille“ објавува разни видови текстови, преводи, интервјуа и преводи кои се поврзани со поезијата. Лидија Димковска е застапена со песни во превод на Љубица Арсовска и Патриша Марш.
Димковска е една од најзначајните македонски поетеси, романсиерки, преведувачки од романски и словенечки на македонски и теоретичарки од Македонија. Таа завршила Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а има магистрирано на Филолошкиот факултет во Букурешт. Димковска е член на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година. Добитничка е на многу значајни награди за нејзините романи и поетски збирки, меѓу кои се издвојуваат: „Наградата Стале Попов“, наградата за литература на Европската Унија и други. Нејзините книги се преведени на бројни европски јазици. Има уредено многу антологии на македонската поезија, а нејзиното име редовно се сретнува на европските и светските книжевни фестивали, како и на книжевните резиденции.
Фотографија: Саша Ковачич