Поднесена пријава против 10 британски државјани поради воени злосторства во Појасот Газа

Адвокатски и правен истражувачки тим денеска поднесе обемен извештај до лондонската полиција, во кој се обвинети десет британски државјани за воени злосторства во Појасот Газа.

Извештајот од 240 страници го составил тим адвокати од Обединетото Кралство и истражувачи од Хаг и го предале на тимот за воени злосторства на Командата за борба против тероризмот на лондонската полиција.

Извештајот е поднесен во име на Палестинскиот центар за човекови права и Правниот центар за јавен интерес со седиште во Велика Британија, кои ги претставуваат Палестинците во Газа и Велика Британија.

Извештајот, кој е прв од ваков вид, содржи истраги и цврсти докази за вмешаност на британски државјани во тешки злосторства извршени во Појасот Газа.

Тимот бара истрага за тие британски државјани, со цел да се издаде налог за нивно апсење и да се поведе кривична постапка пред британските судови. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни