Според податоците на eMarketer, дури 141 милион Американци ќе слушаат подкасти во 2025 година, што претставува раст во споредба со 135,4 милиони слушатели минатата година.
Иако создавањето на подкасти изгледа како возбудлив предизвик, многумина брзо сфаќаат колку навистина е тоа барана работа. Анџелика Реверс, директорка и основачка на консултантската фирма за мали бизниси BoldHaus, истакнува:
„На почеток сите се возбудени околу креирањето на свој подкаст, а потоа сфаќаат колку всушност е ова напорна и комплексна работа.“
За оние кои размислуваат за дополнителна заработка во 2025 година, работата како асистент за подкасти претставува огромна можност на американскиот пазар, додава Реверс.
Што работат асистентите за подкасти?
Асистентите за подкасти ги преземаат сите задачи поврзани со продукцијата на подкаст, како што се:
- Истражување и резервација на гости,
- Одговарање на мејлови,
- Монтажа на звук и објавување на епизоди,
- Промоција на подкастот на социјални мрежи и традиционални медиуми,
- Пишување белешки за епизодите,
- Наоѓање спонзори.
Со оглед на тоа што многу подкастери покрај звук снимаат и видео, сè поголема е побарувачката за уредници на видеа кои можат да ги адаптираат епизодите за платформи како YouTube.
Како до заработка?
Платформи како Fiverr и Upwork нудат одлични можности за асистенти за подкасти. Таму можете да ги истражите цените на конкурентите и да создадете сопствен пакет на услуги.
- На Fiverr, професионалците обично наведуваат цени по проект.
- На Upwork, цените се често по час, и можат да достигнат до 100 долари (92 евра) на час за продуценти на подкасти.
Покрај овие платформи, истражете и групи на Facebook посветени на подкасти, како и сајтови како LinkedIn, Indeed, ZipRecruiter и Google Jobs.
Флексибилни можности
Некои проекти се еднократни и траат помалку од 30 часа, додека други бараат неделен и континуиран ангажман. За оние кои имаат вештини за уредување, продукција или маркетинг, ова може да биде одлична можност за заработка.