Подигнете нов лозов или овошен насад со 60% грант преку ИПАРД

Мерка 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства.

Преку оваа мерка можете да инвестирате во повеќегодишни култури, овоштарници, вклучувајќи трпезно грозје и маслинови дрвја, лозови насади. Како прифатливи трошоци се вклучени сите активности во подигнување на насадот, од подготовка на земјиштето, набавка на садници, системи за наводнување, заштитни мрежи и друго.

Информирајте се дали ги исполнувате условите и за што можете да аплицирате:

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

Земјоделско стопанство

  • Физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство);
  • Индивидуален земјоделец – ИЗ;
  • Правно лице носител на земјоделско стопанство регистрирано во Централниот регистар во согласност со Законот за трговски друштва како микро, мало или средно претпријатие
  • Здружени правни лица
  • Задруги

ПРИОРИТЕТНИ СЕКТОРИ

  1. Секторот за растително производство: житни култури, индустриски и
    фуражни култури, зеленчук (вклучувајќи компир, јагоди), повеќегодишни
    култури (овоштарници, вклучувајќи трпезно грозје и маслинови дрвја, лозови насади,
    др.
  2. Сектор сточарство: говеда (за: млечно говедарство, гоење), свињи (за:
    репродукција, гоење), овци и кози (за: млечно овчарство, козарство, гоење),
    живина (кокошки несилки, пилиња одгледувани за производство на месо – бројлери),
    други добиток.
  3. Сектор рибарство: фарми за аквакултура за слатководни риби.
  4. Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на
    фарма:
     Млеко и млечни производи, Јајца, месо и производи од месо; Овошје
    и зеленчук, вклучувајќи компири и мешункасти култури; жита, мелничарски
    производи и скроб; Растителни и животински масла и масти; Шира, сок од грозје,
    вино, други ферментирани пијалоци, алкохолни пијалоци и оцет; Риба и производи
    од риба; Производство на храна за добиток и фуражни култури.
  5. Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка,
    преку преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна
    биомаса за производство на биогас и/или биогорива, користење на сончева енергија ветерници, геотермална енергија итн.

ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ СО КОИ ТРЕБА ДА РАСПОЛАГА БАРАТЕЛОТ

Растително производство

  • најмалку 0,2 хектари земјоделско земјиште во случај на инвестиции поврзани со безпочвено одгледување и други иновативни системи за производство;
  • најмалку 0,3 хектари земјоделско земјиште во случај на инвестиции поврзани со
  • оранжерии;
  • најмалку 1 ха земјоделско земјиште во случај на инвестиции поврзани со повеќегодишни култури, градинарско производство на отворено, житни култури индустриски култури и фуражни култури;

Сточарско производство

  • 5 крави/12 телиња за инвестиции во говедарство;
  • 15 овци/кози за инвестиции во овчарство/козарство;
  • 16 маторици/300 прасиња за инвестиции во свињарство;
  • 1 400 бројлери/700 несилки за инвестиции во живинарство (со исклучок на патки, гуски, мисирки, фазани, ноеви, ему и бисерки).

Кај сточарското производство бараниот капацитет треба да биде достигнат на крајот на инвестицијата.

ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ:


• Изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имот на земјоделското стопанство
(како што се објекти за одгледување на добиток, складирање на храна, итн) ;


• Набавка и/или инсталирање на нови машини/опрема за подобрување на стандардите на
благосостојбата на животните (постојан пристап до свежа вода, исхрана, сместување и
размножување, чистење на арското ѓубре, одмор на отворен простор итн.);


• Набавка и/или инсталирање на нови машини/опрема за заштита на животната средина
(енергетска ефикасност, контролирани климатски услови, справување и складирање на арско
ѓубре, отпад и третман на нус-производи, третман на вода, итн.), вклучувајќи и ублажување на
последиците од климатските промени (заштитни покривки, сенки и сл), вклучувајќи и
обезбедување на електрична енергија и/или греење со користење на обновливи ресурси за да
се задоволат потребите на земјоделското стопанство за сопствените активности на
земјоделското производство;

• Набавка на специјализирани транспортни приколки и возила, како што се земјоделски
приколки, резервоари за млеко, транспортни разладни резервоари за превоз на
производството, транспорт на живи животни и живина, специјализирана опрема за транспорт
на арско ѓубре, транспорт на опрема за биомаса и сл.;


• Развој на инфраструктура на земјоделско стопанство, вклучувајќи изградба и
реконструкција на патиштата и патеките на земјоделското стопанство, инсталации за
снабдување со електрична енергија, водоснабдување и канализациони системи, одводнување
(дренажа), артески бунари, оградување, итн. и други подобрувања на надворешниот простор од
имотот на корисникот за задоволување на потребите на земјоделското стопанство за своите
земјоделски активности.

Листа на прифатливи трошоци

Набавка на машини и опрема за преработка на земјоделски производи од следните сектори:

– Овошје и зеленчук, вклучувајќи и компири, печурки и мешункасти култури;

– Житни, мелнички и скробни производи;

– Растителни и животински масла и масти;

– Шира од грозје, вино и оцет;

– Млеко и млечни производи;

– Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина) – Опрема за обработка – од суровина до готов производ

• Опрема за прием, собирање и чување.

 • Опрема за подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, обложување со восок, сортирање, калибрирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали.

• Опрема за пред-ладење, ладење и замрзнување.

• Опрема за сечење, мелење и останата опрема за подготовка пред преработка.

• Опрема за филтрација, де-аерација, ферментација, стабилизација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација.

• Резервоари, танкови.

• Опрема за конзервирање, сушење, десикација , замрзнување. • Опрема за полнење, пакување и означување/етикетирање.

• Зашеметување, искрварување, опрема за горење и опрема за отстранување на внатрешни органи. • Опрема за сечење и откостување.

• Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот.

• Опрема за манипулација, утовар и истовар, виљушкари, транспорт-приколки, ладилници, палети, приклучни возила за ладење, подвижни ленти, опрема за мерење и квалитет.

• Опрема за следење на квалитетот, контрола системи со следливост на прием на производ, складирање и дистрибуција.

• Третман на отпад, валоризација, опрема за ракување и складирање. • CIP опрема ( “clean in place”).

• Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните, како што се обезбедување на редовен пристап до свежа вода, храна, сместување на животните пред колење, расчистување на ѓубре итн.

Набавка на опрема за производство на енергија од обновливи извори:

• Опрема за производство на енергија преку:

– преработка на растителни производи за производство на биогас и / или биогорива

– соларна енергија

– ветерници итн.

  Градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и подобрување на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет):

– за инсталирање / одржување на прифатливата опрема

– за постигнување на стандардите за животната средина

– за обезбедување на хигиенски и санитарни услови

– да се обезбеди административен простор

– помошни објекти (складирање, гаража итн)

– пристап, уредување и оградување

Работи и услуги:

• Сите потребни работи и услуги поврзани со реализацијата на инвестицискиот проект:

– подготовка на терен

– градежни работи

– реконструкција

– инсталација

Набавка на специјализирани земјоделски транспорт приколки и возила: Танкери за млеко, приколки за ладење, приколки за транспорт на живи животни и живина, опрема за транспорт на биомаса итн (доколку е поврзано со производството)

Компјутерска опрема:

• Компјутерска опрема и софтвер, вклучително и сензори (само доколку се повзани со прифатливата опрема и со производствената активност)

Општи трошоци:

• Подготовка на техничката документација, планови за изградба и придружни студии, пресметка на трошоците, на пазарот и маркетинг анализа, изработка на оцена за заштита на животната средина, управување со проекти:

− архитекти

− инженери

− консултанти

• Стекнување на патентни права и лиценци

• Системи за управување со:

− ISO

− Подготовка за имплементација на HACCP

− GMP (Добра производна пракса)

• Публицитет и информативни материјали:

− билборди

− плакети

− налепници

СОПСТВЕНОСТ НА ЗЕМЈИШТЕ

За земјиштето и/или објектите кои се предмет на инвестицијата барателот треба да докаже:

  • Сопственост;
  • Договор за закуп (најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето).

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Висината на финансиската поддршка изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.

Висината на финансиската поддршка ќе се зголеми до:

  • 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области
  • 70% за инвестиции во земјоделски стопанства направени од страна на млади земјоделци кои имаат помалку од 40 години.

Финансиската поддршка ќе се зголеми за 10% за:

  • Инвестиции кои се однесуваат на системи складирање и управување со арско ѓубре;
  • Инвестиции за подобрување на ефикасноста од употребата на азотни ѓубривa и сл;
  • Инвестиции во објекти/опрема, чија цел е подобрување на енергетската ефикасност;
  • Инвестиции во објекти/опрема за производство на био-енергија;
  • Инвестиции во објекти/опрема за производство на енергија од другите обновливи извори за задоволување на сопствените потреби за енергија на земјоделско стопанство;
  • Инвестиции во објекти/опрема за третман на отпадни води/канализација.

Максималната вкупна финансиска поддршка што се доделува на корисник според оваа
мерка изнесува 1.500.000 евра за целиот период на спроведување на Програмата.
Максималната финансиска поддршка што може да се додели на новоосновани правни
лица (правно лице што не поднело годишна даночна пријава за последната фискална
година што претходела на годината на јавниот повик) во рамките на оваа мерка е 100.000
евра.
Максималната вкупна финансиска поддршка што може да се додели на поединечен
проект во рамките на оваа мерка е 750.000 евра.
Еден корисник можат да поднесе повеќе проекти според оваа мерка во периодот на
спроведување на Програмата, под услов да не се надмине максималната финансиска
поддршка и да е поднесено конечно барање за исплата за претходниот проект. Договорот
за следниот проект се потпишува откако реализираниот проект ќе се одобри (овласти)
за исплата.

Извор: agrotim.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни