Времето денеска според најновите податоци на УХМР ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 5°C, а максимумот од 8 до 15°C.
Во недела, утрата ќе бидат студени, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од -2 до 5°C, а максималната од 13 до 20°C.