Според информации од туристички групи, при престој во Грција се наплаќа таканаречена „Climate Crisis Resilience Fee“, односно обединета еко и туристичка такса. Оваа такса не е секогаш вклучена во цената на сместувањето и често се плаќа директно кај сопственикот или објектот.
Кај приватни апартмани, таксата изнесува околу 8 до 15 евра по ноќ за сместувачка единица, зависно од големината.Тоа значи дека за подолг престој вкупниот трошок може значително да се зголеми, особено за семејства или групи.
Во хотели и официјално регистрирани туристички капацитети, таксата е пониска и се движи од околу 2 евра по ноќ, па нагоре, зависно од категоријата.
Разликите во износите често ги збунуваат туристите, бидејќи приватните сместувања и хотелите се оданочуваат различно.
Дополнително, таксата понекогаш не е јасно прикажана при резервација преку онлајн платформи.
Таксата се наплаќа на лице место и не се смета за измама, туку за официјален државен данок воведен преку грчкиот туристички и даночен систем.
Патниците се советуваат при резервација секогаш да прашаат за дополнителни трошоци за да избегнат непријатни изненадувања во буџетот за летување.