Подгответе го вашето тело за летниот одмор со нашите есенцијални суплементи

Со доаѓањето на летото, време е да го подготвите вашето тело за одмор и уживање под сонцето. Тримекс е тука да ви помогне со најдобрите витамини и суплементи кои ќе го поддржат вашето здравје и да се релаксирате на плажа. Без оглед дали патувате на егзотична дестинација или планирате да поминете време во блиските летни ресорти, постојат неколку есенцијални суплементи без кои не треба да заминете на вашиот летен одмор.

Летните патувања често можат да доведат до променети рутини и различни прехранбени навики. Нашите витамини се совршен начин да осигурите дека вашето тело ги добива сите неопходни хранливи материи. Широкиот асортиман на витамини и минерали, ќе ви помогнат да останете енергични и здрави во текот на целото патување. Препорачуваме: Sun E и Alpha Sorb C за лето без мака.

Патувањата, особено на нови места, можат да предизвикаат стомачни непријатности поради промената на исхраната и водата. Пробиотиците се одличен начин да го одржите здравјето на вашиот дигестивен систем. Со поддршка на здравата цревна флора, тие ќе ви помогнат да се чувствувате удобно и безгрижно додека уживате во локалните деликатеси.  Во продолжение прочитајте кои пробиотици се добри за вас и за децата. Препорачуваме за деца: BerryDophilus Kidsи за возрасни: Acidophilus 4×6, Probiotic 10 billion и Inulin.

Масните киселини се од исклучителна важност за време на летото. Omega 3масните киселини ќе ви помогнат да останете активни и полни со енергија додека истражувате нови места. Консумирањето масни киселини е важно за целокупното здравје, виталност, раст и ментална состојба, за претварање на хранливите супстанци во употреблива енергија и за правилно искористување на витамините.

Летото е наменето за релаксација и опуштање. Сепак, возбудата и промената во рутината понекогаш може да доведат до стрес и нарушувања на спиењето. Магнезиумот, кој често се нарекува „минерал за релаксација“, игра клучна улога во промовирањето на релаксација и квалитетен сон. Земањето додаток на магнезиум може да помогне да се намали анксиозноста, да се подобри квалитетот на спиењето и да се осигури дека ќе се разбудите освежени и подготвени за нови авантури. Не одиме никаде без нашата дневна доза на Magnesium Glycinate!

Во лекувањето и спречувањето на инфекции на уринарниот тракт се препорачува да се зема D- Mannose.

За здравјето на кожата особено коисен е Bio Astin, кој помага во намалување на оксидативниот стрес, подобрување на здравјето на кожата и забрзување на заздравувањето на изгореници и други оштетувања предизвикани од УВ зрачењето.

Hawaiian Spirulina богата со протеини, витамини, минерали и антиоксиданти се грижи за целокупната сосотојба на организмот и најпозната е по својата способност да го зајакне имунолошкиот систем, да го зголеми нивото на енергија и да ја подобри целокупната виталност.

Овие есенцијални суплементи ќе ви помогнат да останете здрави, енергични и подготвени за сите летни авантури. Не дозволувајте непријатностите и заморот да ви го нарушат одморот. Посетете ја нашата веб-страница: https://vitamini.mk/ или најблиската аптека и подгответе се за летото со Витамини.мк.  Вашето здравје и благосостојба се наш приоритет. Пакувајте ги вашите куфери и уживајте во безгрижно лето!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни