Од 19 до 22 октомври, во организација на Скопје Сити Мол ќе биде реализиран „Есенски базар“ на кој ќе земат учество 24 индивидуалци „artisans“ – уметници. Деликатно направен избор на современи креативци се со цел да се поддржи рачната изработка на уникатни производи.
На претстојниот базар ќе земат учество модерни брендови, кои нудат широка палета производи, уметници, кои не се плашат да експериментираат и храбро да концепираат и компонираат иновативен накит од керамика, накит креиран во сутаж техника и накит од епоксидна смола и полимерна глина. Сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн, современ, модерен и елегантен. Преку овие дела, уметниците ги раскажуваат своите приказни, на современ и концептуален начин, низ моделирање на наративите од инспиративното секојдневие. На базарот, дел од уметниците ќе се претстават и со аксесоари изработени од кожа, рачни везови, модерни шапки и еколошки восочни обвивки од памук и пчелин восок за повеќекратна употреба, како и природни и вегански козметички производи за нега и убавина на целото тело.
Во секој рачно создаден производ, компримиран е креативниот труд на овие уметници, посебно љубовта, која се рефлектира во секој детал од нивната работа.
На четиридневниот базар, на приземјето од Скопје Сити Мол ќе се претстават: Шарено ќоше – рачно насликана керамика и уникатни персонализирани дизајни; Branchella – прв македонски бренд препознатлив по рачно изработени уникатни шапки; Ленка – рачни везови на иновативен начин, кои ги следат светските трендови; Глигор Кузмановски – овој пат, наместо со препознатливите дрвени изработки накит ќе се претстави со хартиен експериментален накит работен во техниката (papier mache); MurMur Arts спој на традиционални техники за изработка на текстил до модерен, несекојдневен и уникатен домашен декор и додатоци; креативно студио Алегра – спој од графички дизајн и рачна изработка; ESOAPERY веганска козметика за природна нега на целото тело; Кожарска работилница Хорват – рачна изработка на производи од природна кожа; M&M Luxury soap bouquet – ароматизирани букети од сапуни; Marcy’s handmade – шарени приказни во форма на накит за сонувачи и храбри луѓе; Wanderlust – смели керамички дизајни; Елена Ристовска – накит кој е синтеза на знаење и творечка вештина; MORPHO – филигрантска умешност испреплетенa во современ накит; Атеље Сиена – креативни приказни, преточени во накит; Соња Димитровска ЕКО восочни обвивки, еколошка амбалажа од памук и пчелин восок за повеќекратна употреба; Filigree LARGO рачно изработен сребрен накит во традиционална филигранска техника, но со сосема нетрадиционален дизајн; Coral Jewelry – уникатен бренд на персонализиран накит од чисто сребро 925; Equilibrium.fine.arts story – накит, изработен од епоксидна смола и полимерна глина; Јulie Decoupage – еклектичен скопски бренд со рачно изработен накит и слики со јапонска техника; Ивана Кондратенко – „ARTNOK“ ќе се претстави со автентичен накит и додатоци од полимерна глина; Дијана Тодоровски – „Добро ми Стои“ современи форми од сребро, комбинирани со месинг и бакар; Катерина Јовановска – „Stardust Kejt Rakotvorbi“ накит од епоксидна смола и полимерна глина во едноставни, нежни и пастелни комбинации; Glow Natural – Природна и рачно изработена козметика за кожа и коса и Блашка Миева –„Freya Fashion Jewellery”, накит од плексиглас и полимерна глина, рачно насликани марами и модни додадоци.