Податоците не лажат: Родовите стереотипи ги следат жените на работните места

Пазарот на труд во Република Северна Македонија не е доволно сензитивизиран за надминување на дискриминирачките пракси во оваа смисла, што прави жените да не влегуваат на работните позиции само со нивните професионални искуства, туку и со невидливи стандарди во форми на барања од нивните работодавци и средината во која ја градат нивната кариера. Во неколку претходни текстови на Трн, го истражувавме влијанието на сексизмот и мизогинијата на пазарот на труд, а овојпат се осврнуваме на родовите стереотипи во поширока смисла, кои се дел од проблематиките на работните односи за жените.

Родовите стереотипи кои ги следат жените на работните места, за жал, не се дел од минатото, туку секојдневие со кое тие се справуваат на различни начини. Пазарот на труд во Република Северна Македонија не е доволно сензитивизиран за надминување на дискриминирачките пракси во оваа смисла, што прави жените да не влегуваат на работните позиции само со нивните професионални искуства, туку и со невидливи стандарди во форми на барања од нивните работодавци и средината во која ја градат нивната кариера.

Во неколку претходни текстови на ,,Трн”, го истражувавме влијанието на сексизмот и мизогинијата на пазарот на труд, а овојпат се осврнуваме на родовите стереотипи во поширока смисла, кои се дел од проблематиките на работните односи за жените.

Иако се смета дека во последните години, борбата за женски права и напредок е навистина на високо ниво, за жал, работните бариери за жените остануваат показатели дека недостасуваат многу елементи во борбата за еднаквост кои имаат реални последици и укажуваат на системски недостатоци. Двојните стандарди се секојдневие кога станува збор за она што пазарот на труд  го испорачува како предуслов за кариерен напредок на жените – тие не само што редовно го моделираат женското иксуство, однесување и работа, туку и ја ставаат жената во една позиција во која таа континуирано треба да се адаптира за да задоволи нефер услови кои се поставени за неа.

Ова е само еден сегмент од проблематиките, податоците секојдневно укажуваат дека дискриминацијата на жените кои работат се одвива на различни нивоа – условите и барањата за нивните улоги одат заедно со нееднаквиот кариерен напредок.

Според истражувањето на McKinsey 2024, за секои 100 мажи кои добиваат унапредување на менаџерски позиции, само 81 жена го добива истото. Податоците говорат слично и во истражувањето Women in the Workforce Statistics for 2025 според кој жените заработуваат 82 центи, за секој долар што го заработува мажот, а 50 проценти од жените се прекинувани на состаноци што влијае на нивната видливост и влијание.

Податоците покажуваат дека предизвиците за работен напредок кај жените се поразлични од оние кај мажите, токму поради тоа што нееднаквоста се манифестира на повеќе различни нивоа: економската разлика во платите и вклученоста во секторите, емотивниот неплатен труд и родовите стереотипи кои севкупно го отежнуваат целиот процес на работа на жените на пазарот на труд.

Работното искуство на жените не може да се подобри само со декларативни заложби. Податоците покажуваат дека токму родовите стереотипи имаат голема улога и во продлабочувањето на економскиот јаз, структурната неправда која се покажува на неколку нивоа и станува товар од невидливи очекувања, бариери и неправди.  Надминувањето на тие родови стереотипи на работните места подразбира создавање на целосно нови наративи преку кои се охрабруваат жените да ја пријавуваат дискриминацијата на работа, но и да го поттикнат пазарот на труд да се трансформира. 

Потребата од силни јавни политики е од големо значење за препознавањето на овие проблеми и поголема поддршка која ќе се движи во насока на поголема поддршка на жените и нивните професионални животи.  Oчекуваната промена мора активно да се бара од институциите и системот, за градење на култура во која жените и нивните гласови не се прекинувани, туку се ценети и вреднувани како што заслужуваат. За да нема нормализирање на родовите стереотипи, туку јасна и гласна борба против нив.

Извори:

https://www.mckinsey.com/featured-insights/diversity-and-inclusion/women-in-the-workplace

https://www.keevee.com/women-in-the-workplace-statistics

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни