Во понеделник од 20.30 часот во Котур ќе биде промовирно јубилејното 10-то издание на фестивалот “Под земја полесно се дише”.
„Набавете си со време врвно квалитетни печатени маици и торби и поддржете ја независната уметничка сцена што секој декември го размрдува скопскиот тежок застоен смог со атрактивна музичка и уметничка програма“ велат организаторите.
Ќе свират “Филис енд френдс” а ќе пуштаат музика скопските фраер.к.и Марина, Ишџан Твин, Ајнур и Сали.