Најновите археолошки ископувања под Стариот град на Хвар открија досега непознати остатоци од градови од грчкиот и римскиот период, меѓу кои е и бедемот на грчкиот град Фаро.
„Под денешната улица Вагоњ и улицата Ханибал Лучиќ во Стариот град, со направените ископувања се открија делови од западниот бедем и градската порта на грчкиот град Фара“, изјави Марина Угарковиќ, научен соработник во Институтот за археологија во Загреб.
Меѓу другото посочи и дека обемните археолошки ископувања, кои се уште се во тек, резултирале со вредни откритија, пред се од грчкиот и римскиот период Фаро и Фарија, но и од доцноантичкиот и средновековниот период.
Угарковиќ укажа на исклучителната важност на „позицијата на западната градска порта“, која, како што истакна, првпат овозможува информации за локацијата на западната граница на античкиот град, како и за еден од влезовите во градот, за кој претходно имаше само претпоставки.
„Подеднакво важно е и откривањето на гробовите од, очигледно, 5 и 4 век п.н.е., со богати наоди на оружје и други предмети, кои не само што ја илустрираат драматичната историја на самиот град и конфликтите на локалното население, туку се и првите археолошки пронајдени гробови во месноста Стари град, кои укажуваат на постоење на некропола“, истакна Угарковиќ.
Извор: telegraf.rs