Под мотото „Србијо разбуди се“ за вечерва закажани протести во над 30 градови низ државата

Како реакција на вчерашното насилство, студентите во блокада за денеска повикаа на масовни протести во над 30 градови во Србија под мотото „Србијо разбуди се“

На граѓанските протести синоќа во Врбас и Бачка Паланка, во Србија синоќа се случија невидени сцени на насилство кон студентите и демонстрантите кои со месеци протестираат против режимот на Александар Вучиќ.

Како реакција на вчерашното насилство, студентите во блокада за денеска повикаа на масовни протести во над 30 градови во Србија под мотото „Србијо разбуди се“

Собирите ќе започнат помеѓу 18 и 20 часот, а покрај Белград, Нови Сад и Ниш, ќе се протестира и во Чачак, Ужице, Ваљево, Крагуевац, Краљево, Кикинда…

Сепак студентите во блокада додаваат дека ова не е конечна листа, туку дека протести можат да се организираат и во други градови кои не се на листата.

Синоќа, нешто по 21.30 часот со синхронизирани напади врз мирните граѓански и студентски собири, групи поддржувачи на Српската напредна странка (СНС) насилно интервенираа фрлајќи пиротехника, камења, замрзнати шишиња, па дури и алати и столици кон демонстрантите.

И покрај силното полициско присуство, очевидци тврдат дека полицијата не се обидела да го запре насилството, туку останала во улога на физичка бариера меѓу групите. Жандармеријата пристигнала дури околу 23:15 часот, но наместо да интервенира против напаѓачите, започнала да ги потиснува демонстрантите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни