(ВИДЕО) Пајак службата не казнува полицајци – сè додека не се побуни народот!

МВР одби да казни непрописно паркирано возило кое според сведоштвата било на полицаец и одби да му издаде налог на пајак службата на ПОЦ да го отстрани возилото. После жесток притисок од граѓаните, пајакот на крај сепак го отстранува возилото, а подоцна била платена и казна, велат од ПОЦ кои се жалат на селективност од страна на полицијата.

Граѓаните, застанати пред неправдата, не молчеа. Се собраа, почнаа да снимаат, да викаат, да бараат одговорност. Притисокот беше толкав што ПОЦ не можеше да продолжи да се прави слеп – службениците излегоа и му напишаа казна на „светото” возило. Како што е ред.

Од Дирекцијата велат – кога со нив во возилото има полицаец, „се врши притисок” и не може да се пишуваат казни секому, туку дека тоа се прави селективно.

Ова е симбол – дека кога институциите ќе паднат, народот може да ги исправи. Но не треба вака да биде. Не треба правдата да зависи од тоа колку сме гласни, колку снимаме и колку протестираме.

Ако ПОЦ има храброст да крева автомобили на обични луѓе, нека ја има истата храброст за сите, а не селективно. Во спротивно, тоа не е јавен сервис – туку соучесник во неправда.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни