Слаб земјотрес со епицентар во регионот меѓу Тетово и Гостивар беше регистриран попладнево во 16:14 часот од страна на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според првичните податоци, земјотресот бил со магнитуда од 2.7 степени според Рихтеровата скала и бил почувствуван во околните населени места.
Ова го информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Од опсерваторијата апелираат до граѓаните кои го почувствувале земјотресот да пополнат онлајн прашалникот за почувствуваност достапен на: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или да се јават на бројот за итни случаи 112, со цел да се соберат подетални податоци за ефектите од потресот.