Како што соопштија тие, земјотресот бил почувствуван попладнево во 18 часот и 33 минути во подрачјето на Струмица, 115 километри југоисточно од Скопје.
„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала“ велат од Сеизмолошката опсерваторија.