Почувствуван земјотрес во југоисточниот регион на државата

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, преку сеизмолошките станици распоредени низ целата држава и одржувани од страна на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска рано утринава во 03 часот и 20 минути регистрираше земјотрес со епицентар во соседна Република Грција, на оддалеченост од приближно 290 километри југоисточно од Скопје.

Земјотресот имал Рихтерова локална магнитуда (ML) од 5.0.

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил почувствуван во југоисточните делови од Републиката, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (EMS).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни