Почуствуван земјотрес во Струмица

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 34 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни