Времето во Македонија од 23 до 25 декември ќе биде под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот. Според МетеоАларм, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, со количина на воден талог над 30 литри на метар квадратен.
На планините над 1200–1300 метри надморска височина, врнежите од дожд ќе преминат во снег, со формирање на снежна покривка до околу 10 см.
Во Скопје и околината, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, најчесто со умерен интензитет. На околните планини ќе се забележат повремени врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер, прво од југоисточен, а потоа од североисточен правец, со повремено засилување.
Температурите се очекува да бидат: Наутро: -1 до 7 степени, во Скопје до околу 3 степени. Преку ден: 3 до 10 степени, во Скопје до околу 6 степени
Поради променливото време, врнежите и засилувањето на ветерот, се очекува и намалување на маглата и подобрување на квалитетот на воздухот во градовите.