Почнуваат Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Свечено отворање на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, се одржува денеска во амфитеатарот на Институтот.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ одбележува 70 години од своето постоење и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“.

Денес програмата се отвори со свечено отворање на манифестацијата. Понатаму, утре со почеток во 10 часот предвидено е претставување на Институтот за македонски јазик и на институциите од регионот.

Осмата меѓународна конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“ ќе се одвива на 28 и 29 јуни со почеток во 10 часот во склоп на Институтот.

Последниот ден, на 30 јуни предвидена е тркалезна маса на Комисијата за фонетика и фонологија при Меѓународниот славистички комитет во Струмица во 9 часот. Потоа ќе има организирана посета на Смоларските водопади во близина на Струмица.

На отворањето најавено е обраќање на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, заменик-министерот за образование и наука Агим Нухиу и ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски.

 Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе траат до петок. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни