Денес отворање на судењето за смртта на Ивана и нејзината ќерка

Во Кривичниот суд во Скопје почнува судењето против Стојанче Јовановски, обвинет за наведување и помагање во самоубиство на сопругата Ивана.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почнува судењето против Стојанче Јовановски, кој е обвинет за наведување и помагање во самоубиство на сопругата Ивана од Скопје, која на 2 март годинава почина по пад од балкон заедно со нивната малолетна ќерка.

Според информациите, скопското обвинителство неодамна поднело обвинение против Јовановски, во кое тој се товари за три кривични дела: телесна повреда извршена како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство.

Обвинителството, повикувајќи се на обезбедените докази, тврди дека обвинетиот подолг период нечовечки се однесувал кон сопругата, која била во фактичка и егзистенцијална зависност и подреденост кон него. Според ОЈО Скопје, токму таквото однесување претходело на трагичниот настан од 2 март и, според обвинението, самоубиството може да се припише на небрежност на обвинетиот.

Судењето, како што е наведено, ќе го води судијата Ивица Стефановски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни