Вечерва започнува новата сезона на најсилната европска фудбалска лига Премиерлигата.
Сезоната ја отвора актуелниот шампион Ливерпул кој вечерва ја дочекува секогаш незгодната екипа на Бурнамут со почеток во 21.00 часот.
Саботната програма од пет натпрвари ќе ја стартуваат Астон Вила и Њукасл, а на другите дуели играат: Брајтон – Фулам, Сандерленд – Вест Хем, Тотенхем – Барнли и Вулверхемптон – Манчестер Сити.
Во недела играат: Челзи – Кристал Палас, Нотингем Форест – Брентфорд и дербито Манчестер Јунајтед – Арсенал.
Првото коло ќе биде комплетирано со дуелот во понеделник меѓу Лидс и Евертон.
Се очекува оваа сезона, како и претходните да биде исполнета со интересни дуели и неизвесна завршница, а претеденти за титулата, освен актуелниот шампион Ливерпул имаат и екипите на Манчестер Сити и Арсенал, додека своја шанса од позадина ќе чекаат и Челси, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Њукасл…