Почнува новата сезона на Првата македонска фудбалска лига

Како најсериозни претеденти за трофејот во Првата лига се Шкендија која обезбеди европска есен и најтрофејниот клуб Вардар

Денеска започнува новата сезона од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

На отворањето на првото коло од сезоната 2025/2026 ќе се сретнат Шкендија и Шкупи од 17.00 часот, додека во 20.00 часот закажано е вечното дерби помеѓу Вардар и Пелистер кое ќе се игра на Националната Арена во Скопје.

Утре на програмата се натпреварите Башкими – Арсими и Струга – Македонија Ѓорче Петров, в недела Тиквеш – Работнички, а првото коло ќе се затвори в понеделник со дуелот Силекс – АП Брера.

Новитети во новата сезона

Она што е клучно за претстојата сезона е конечното воведување на ВАР (Video assistant referee) технологијата, како и целосна покриеност на телевизиски преноси прво на МТВ, а од септември и на Арена спорт.

За потребите на ВАР беа направени дополнителни унапредувања на стадионите ширум државата, а единствен клуб кој досега не успеа да направи ВАР соба е Шкупи.

Како најсериозни претеденти за трофејот во Првата лига се Шкендија која обезбеди европска есен и најтрофејниот клуб Вардар, додека од позадина своја шанса ќе чекаат екипите на Струга, Силекс, како и Работнички.

Пехарот „Шампион“ на Македонија досега го кренале вкупно двет клубови, а најмногу пати тоа му успеало на Вардар кој има вкупно 11 титули.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни