Почнува невремто: Македонија на удар на обилни дождови и ризик од поплави

И Скопје ќе биде под влијание на нестабилното време, со обилни врнежи, засилен јужен ветер и можни грмежи. Во делови од котлината количество на дожд може да надмине 30 литри по квадратен метар.

Под влијание на серија силни и влажни воздушни бранови пристигнати од запад, Македонија до крајот на неделата ќе биде зафатена од многу нестабилно време. Се очекуваат чести и обилни врнежи од дожд, локално проследени со грмежи и услови за појава на невреме. Јужниот ветер значително ќе засилува, со повремени удари над 70 км/час, што дополнително ќе создаде проблеми во сообраќајот и ќе ја намали видливоста.

Во западните делови на земјава се предвидува да наврнат над 100 литри дожд, а локално и до 150–200 литри до крајот на неделата. Овие количини сериозно го зголемуваат ризикот од покачување на нивото на реките и езерата, како и појава на локални поплавувања. Граѓаните се повикуваат на зголемено внимание, особено во близина на водотеци и подрачја чувствителни на излевање.

И Скопје ќе биде под влијание на нестабилното време, со обилни врнежи, засилен јужен ветер и можни грмежи. Во делови од котлината количество на дожд може да надмине 30 литри по квадратен метар.

Температурите ќе останат натпросечно високи за овој период од годината поради јужното воздушно струење и нема значително да се менуваат во наредните денови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни