Дирекцијата за култура и уметност со особена чест го најавува почетокот на 46. издание на реномираниот фестивал „Скопско лето“, што ќе се отвори на сабота, 21 јуни, со два извонредни настани кои ја најавуваат богатата програма на ова културно лето во главниот град.
Свеченото отворање започнува во 19:00 часот, во Музејот на град Скопје, со отворање на изложбата „Зона Фобија“ од уметникот Томе Аџиевски – моќна визуелна постановка што симболично ја отвора уметничката програма на фестивалот.
Потоа, во 20:30 часот, во Големата сала на Филхармонија, следува гала концерт со Академскиот симфониски оркестар при Националната академија за музичка уметност „Панчо Владигеров“ од Софија, во соработка со солисти и диригенти од Факултетот за музичка уметност – Скопје и Националната академија – Софија. Настан кој ја слави регионалната соработка, младешката енергија и универзалниот јазик на музиката.
Во текот на 40 фестивалски дена, „Скопско лето 2025“ ќе понуди повеќе од 35 културни настани – концерти, театарски претстави, изложби, книжевни вечери и танцови перформанси на различни културни сцени низ Скопје.