Почнува 14. Европско фудбалско првентство за жени, Шпанија најголем фаворит за златото

Натпреварите ќе се играат во осум градови, а финалето е закажано на 27 јули и ќе се одигра на стадионот во Базел

Со мечот Исланд – Финска денеска во Швајцарија започнува 14. Европско првенство во фудбал во женска конкуренција.

Мечот од групата А се игра во Тун со почеток од 18.00 часот, додека во вториот натрпевар денеска исто од грушата А од 21.00 часот ќе играат домаќинот Швајцарија и Норвешка.

На првентството учествуваат 16 екипи поделени во четири групи од по четири репрезентации, а најдобрите две од секојa група ќе се пласираат во осминафиналето.

Во групата А ќе играат селекциите на домаќинот Швајцарија, Норвешка, Исланд и Финска, во групата Б Шпанија, Португалија, Белгија и Италија во групата Ц Германија, Полска, Данска и Шведска и во групата Д ќе настапат Франција, Англија, Велс и Холандија.

Бранител на титулата европски шампион е Англија, додека најголем фаворит за освојување на тројефот е селекцијата на Шпанија.

Натпреварите ќе се играат во осум градови, а финалето е закажано на 27 јули и ќе се одигра на стадионот во Базел.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни