„Почнав со пчеларство да се занимавам пред повеке од 20 години од кои веке 10 години професионално, односно тоа ми е единствена егзистенција. Сега имам околу 400 кошници со пчели кои се наогаат на 4 локации во околината на Свети Николе, во чиста еколошка сеуште незагадена природа. За да бидеш пчелар не е доволно само да купиш пчели и да вадиш мед, пред се треба да си чесен и добар човек кој ги сака пчелите и општо природата. Пчеларите преку своите пчели не произведуваат само храна туку сите пчелни производи се лек за човекот доколку се конзумираат редовно и тоа им дава една хумана улога во нашето општество“, вака ја започна својата приказна за Агротим, пчеларот Драган Кралев од Свети Николе.
Неговата љубов кон пчелите, професионалниот пристап, сериозноста во водењето на овој семеен бизнис можат да послужат како позитивен пример за успех во работата ако искрено се сака и се работи со желба за успех.
„Моите почетоци се скромни, почнав со една кошница која ја купив од еден локален пчелар. Љубовта кон пчелите веке ја имав бидејки дедо ми чуваше пчели во оние стари кошариња (трмки) и така едноставно ме влечеше тоа да имам и јас пчели. Во почетокот не знаев многу за пчелите но читав стручна литература, се снаогавме со ЦД гледавме начини на работа во другите земји (бидејки тогаш немаше интернет) и со помош од други постари пчелари стекнав некои основни познавања. Од таа една кошница постепено ги размножував и по некоја година стигнав до стотина кошници. Истовремено стекнав повеке искуство, се надоградував преку некои предавања, размена на искуства со колеги, тогаш се појави и интернетот па беше и многу полесно преку формирање на пчеларски групи и друг вид на соработка. Тогаш сфатив дека во животот е најважно да го работиш она што го сакаш и што те исполнува, а јас се пронајдов тука во пчеларството. Потоа дадов отказ во една конфекција каде што работев и од тогаш, нормално со помош на мојата сопруга и цела фамилија, другари и пријатели успеав да направам поголема бројка на кошници од кои ке може да се егзистира. И сега можам да кажам дека сум свој на своето“, вели Кралев.
Покрај медот произведува и други пчелни производи зависно од побарувачката на пазарот.
„Инаку не произведуваме само мед тука се и другите пчелни производи: Полен перга, восок, матичен млеч, во зависност од побарувачката на пазарот. Исто така продавам и матици, нуклеуси, пчелни семејства и друго. До сега не сме имале проблем со пласманот, се трудиме на секој начин да го доближиме нашиот производ до потрошувачите. За таа цел имаме и Фб страна Kupi priroden med и нормално пракаме по карго низ цела држава. Нешто продаваме и на големо во канти на наши колеги, прекупци и трговци“, изјави Кралев.
Во врска со цената на медот, го прокоментиравме мислењето во јавноста дека медот е скап и дека пчеларите неосновано ја покачија цената.
„Цената на медот беше бомбастично најавена од некои портали како дека е 1200 денари и создаде некоја нереална слика за нас пчеларите дека ние многу заработуваме, дека сме алчни итн. Исто така имаше коментари од типот дали пчелите летаат на нафта и други нелогични споредби. Но реално и не е баш така. Имено и ние пчеларите, а особено ние сто живееме исклучиво од пчеларство исто така имаме покачени цени во сите сфери од секојдневниот живот. Имаме повисоки животни трошоци (поскапи енергенси, струја, поскапа храна, репроматеријали, пчеларска опрема…)па некако е нормално и медот да се покачи за некој процент како би можеле и ние да опстанеме. Но лично ние, имајки предвид целокупната ситуација на пазарот решивме и оваа година го продаваме по ланската стара цена односно по 500 ден /кг што е реално многу ниска цена за разлика од други производи (да не споредувам со цена на кутија цигари или алкохол и др.) знаејки ја лековитата и делотворна мок на медот“ – изјави Кралев.
Кога се разговара за пласманот на медот, не можеме а да не ја спомнеме навиката на граѓaните за конзумирање на овој драгоцен производ. Навиките за конзумирање на мед кај нас се на многу ниско ниво (најниско во Европа) и тоа мора да го промениме.
„Лугето треба да се едуцираат и да научат кои се бенефитите од редовно конзумирање на мед и други пчелни производи. Јас би им препорачал на сите редовно да конзумираат но не било каква блага евтина материја туку тоа нека биде вистински прав природен мед со сите свои благопријатни и лековити својства купен од пчелар па макар било тоа и 1илограм месечно бидејки медот не е само храна туку тој е и лек, а особено за децата и стари изнемоштени луге како би го појачале својот имунитет. Инаку сме учествувале на повеке саеми и редовно сме добивале награди за квалитет, а тоа најдобро може да се уверат нашите ценети потрошувачи откако ке го пробаат и ке се уверат самите во тоа“, вели Кралев.
„Ние сме регистрирани во АХВ како примарни производители на мед и тоа е основниот услов за аплицирање на сите мерки од Владата. Пред неколку години аплициравме за мерката Млад земјоделец, поточно аплицираше сопругата и добивме односно купивме пчеларска опрема што секако многу ни олесна во работата околу пчелите и вадењето на мед“, вели Кралев.
Ќе завршиме со директната порака од нашиот соговорник Драган Кралев до младите што размислуваат да се занимаваат со овој бизнис:
„Јас сега имам 44 години, а на младите би им порачал да го работат она што го сакаат. Никогаш да не се откажуваат и нека не се надеваат дека е лесно да успееш во животот но со многу труд упорност и љубов се постигнува се. И да не заборавам – Нека јадат повеке природен мед“.
Извор: agrotim.mk