Музејот за дизајн во Лондон следната година ќе биде домаќин на изложба на кукли Барби, токму на 65-тиот роденден на играчката.
Преку партнерство со компанијата Mattel, овој музеј доби посебен пристап до големата архива на брендот Барби во Калифорнија.
На изложбата ќе бидат претставени многу ретки и уникатни предмети, но и оние кои се добро познати и незаменливи, а со цел да се раскаже приказната за овој бренд. Оваа изложба е планирана веќе неколку години, а е закажана за 5 јули 2024 година и ќе трае до февруари 2025 година.
Барби за првпат беше претставена во 1959 година, самата изложба ќе се осврне на таа почетна точка, но ќе го претстави феноменот Барби преку модата, архитектурата, дизајнот.
За потсетување, филмот Барби со Маргот Роби и Рајан Гослинг во главните улоги го привлече светското внимание откако ги собори сите рекорди во кината и стана најпопуларен филм во 2023 година.
Извор: una.rs