Делегации на САД и Иран денеска започнаа индиректни разговори во Женева за нивниот долгогодишен нуклеарен спор. Средбата се одржува со посредство на Оман, а разговорите доаѓаат во услови на засилени тензии и воено присуство на САД на Блискиот Исток.
Според извори на Ројтерес, американскиот пратеник Стив Виткоф и советникот Џеред Кушнер учествуваат во разговорите со иранскиот министер за надворешни работи Abbas Araghchi.
Трамп: „Можевме договор наместо бомбардирање“
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе биде „индиректно“ вклучен во процесот и дека верува оти Техеран сака договор.
„Не мислам дека сакаат последици од недостиг на договор“, рече Трамп пред новинарите во претседателскиот авион, алудирајќи на американското бомбардирање на ирански нуклеарни постројки во јуни минатата година, за време на 12-дневната воена кампања на Израел против Иран.
Техеран тогаш соопшти дека ги прекинал активностите за збогатување на ураниум.
Иран: Без „нереални барања“ и укинување санкции
Висок ирански функционер, кој сакал да остане анонимен, изјавил за Reuters дека сериозноста на САД во врска со укинувањето на санкциите и избегнувањето „нереални барања“ е клучна за успешни разговори.
Иранската страна, како што се наведува, доаѓа на преговарачката маса со „искрени и конструктивни предлози“.
Средбата се одржува во резиденцијата на оманскиот амбасадор во ОН, под засилени безбедносни мерки. Пред објектот биле забележани возила со ирански дипломатски таблички.
Воени подготовки и тензии во Ормутскиот теснец
Двајца американски функционери изјавиле за Ројтерес дека американската војска се подготвува за можни операции против Иран, доколку Трамп нареди напад.
Во меѓувреме, Иран започна воена вежба во Ормутскиот теснец – стратешки важен меѓународен поморски премин и клучна рута за извоз на нафта од арапските земји. Неколку држави од регионот повикаа на дипломатско решение на спорот.
Вашингтон и неговиот сојузник Израел тврдат дека Иран се стреми кон развој на нуклеарно оружје. Техеран, пак, инсистира дека неговата нуклеарна програма има исклучиво мирољубива цел, иако американски извори наведуваат дека нивото на збогатување ураниум се приближило до степен потребен за изработка на бомба.
Иранските власти во последните години се соочија и со масовни улични протести поради високите трошоци за живот, делумно поврзани со меѓународните санкции што го намалија приходот од извоз на нафта.
Извор: FoNet