Почна пошумувањето во атар на село Жегљане општина Старо Нагоричане, информираа денеска од кумановската подружница на ЈП „Национални Шуми. Местото претходно беше зафатено со пожар.
„Најпрвин го исчистивме местото, обработено е и сега тече акцијата. Работниците се на терен и се садат садници од црн бор. На оваа површина има 51 хектар“, изјави директорот на кумановската подружница Луан Бајрами.

Садниците се обезбедени од кумановската подружница. Тој најавува пошумување и на други локации согласно насоките на надлежните и стручните лица.
Извор: agrotim.mk