Неформалната група на студенти од Ниш соопшти дека протестот е реакција на полицијата бруталност врз студентите и граѓаните за време на мирните протести.
„Кога почитувањето на Уставот и законите престанува од оние кои треба да ги штитат – тогаш сè мора да застане! Цела Србија е на нозе! Се гледаме!“, се вели во повикот на студентите за блокада.
Во соопштението објавено од студентите во блокада, се наведуваат конкретни совети за учесниците во протестот, со цел безбедно и мирно учество:
Упатства за учесниците:
- Не влегувајте во физички или вербални конфликти
- Доколку се појави полиција со опрема за растерување, мирно повлечете се. Може да се префрлите на друга блиска блокада или да се вратите откако полицијата ќе се повлече
- Движете се во што поголеми групи
- Во случај на инцидент, снимајте го настанот и испратете ги снимките до правните тимови или официјалните профили на студентите
- Не снимајте лица на луѓе кои преземаат граѓанска непослушност
- Колку покреативни барикади – толку подобро
Пропуштете ги:
- Итна помош
- Родители со деца
- Трудници
- Лекари и медицински персонал
- Достави со храна и лекови за болници
Потсетување за вашите права и обврски:
- Носете лична карта
- Знајте наизуст број од адвокат – имате право на адвокат
- Доколку контакт-центарот за бесплатна правна помош „ШТИТ“ (069 192 1920) е преоптоварен, контактирајте друг адвокат од Ниш
- Без адвокат – не давајте изјава
- Ако ве легитимираат – бидете смирени, соработувајте и бидете љубезни
- Во случај на провокација – молчете, гледајте во под, предајте ја личната карта без нагли движења
- Ако ве приведат – ништо не потпишувајте, ништо не зборувајте освен: „Сакам адвокат“
- Ако сте повредени или ви се слоши – барајте Итна помош и повредна листа, веднаш јавете му се на адвокат
- Снимајте сè што се случува
- Не го отклучувајте телефонот