Почна 39-тото издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип

Вчера вечер и вечерва градот под исарот по 39ти пат е домаќин на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, годинава со рекорден број пријавени песни. Организаторите истакнаа дека и оваа година на сцената во Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип ќе се претстават над 20 изведувачи, во двете фестивалски вечери. Вчера на сцената се слушнаа 14 нови композиции.

За реализација на „Макфест“ се работи цела година, посочуваат организаторите и со кревањето на фестивалското знаме и официјално почна овогодинешното 39.издание.

Вчера вечер во ревијалното шоу настапија Адријана Таневска и Ѓоко Таневски, а водители на двете фестивалски вечери се Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни