Според официјални информации, потврдена е смртта на 49 рудари, а уште 20 лица биле пренесени во болница во критична состојба. Несреќата се случила во рударската јама Каландо, во провинцијата Луапаба.
Занаетчиското рударство во Конго ангажира меѓу 1,5 и 2 милиони луѓе, а индиректно обезбедува егзистенција за повеќе од 10 милиони жители.
Според службата позната под француската кратенка SAEMAPE, урушувањето било предизвикано од паника поради престрелка од страна на воено обезбедување стационирано на локацијата.
Иницијативата за заштита на човековите права побара независна истрага за улогата на војската во инцидентот, повикувајќи се на извештаи за судири меѓу рударите и војниците.
Извор: N1info.rs
