Почина британскиот актер Теренс Стемп на 88 години. Познат по улогата на Генерал Зод, остави траен печат во филмот и духовниот свет.
Британскиот актер Теренс Стемп, една од најпрепознатливите фигури во филмската историја и незаборавен негативец од Холивуд, почина на 88-годишна возраст,, потврди неговото семејство. Причината за смртта засега не е соопштена.
„Остави зад себе исклучително дело, како актер и како писател, кое ќе продолжи да инспирира и во иднина. Ве молиме за приватност во овие тешки моменти“, соопштија неговите најблиски.
Од скромно детство до Оскар номинација
Роден во 1938 година во Ист Енд, Лондон, Теренс израснал во време на бомбардирања за време на Втората светска војна. Работел како доставувач, пред да добие стипендија за драмска школа.
На почетокот од кариерата делел стан со тогаш непознатиот Мајкл Кејн, а неговата прва голема улога била во филмот “Billy Budd” (1962), за која доби номинација за Оскар.
„Да бидам избран од Питер Устинов ми даде огромна самодоверба“, изјави Стемп во едно интервју.
Пресврт со „Супермен“ и Генерал Зод
Кон крајот на 60-тите се преселил во Италија и снимал со Фелини и Пазолини, а во исто време се посветил на духовноста, инспириран од филозофот Џиду Кришнамурти.
По пауза, се врати во Холивуд во 1977 година, кога ја доби улогата на Генерал Зод во „Супермен“. Неговата иконска изведба го направи култен лик меѓу љубителите на стрипови и филмови.
Долга и разновидна кариера
Филмографијата на Стемп вклучува и модерни класици како: „Priscilla, kraljica pustinje“ (1994), „Valkyrie“ (2008), „The Adjustment Bureau“ (2011)
Бил близок пријател со принцезата Дијана, а во едно интервју од 2017 година изјави дека често пиеле чај и разговарале со часови.
Во 2002 година се оженил со фармацевтката Елизабет О’Рурк, која била 35 години помлада од него, но се развеле во 2008.
Човек со уверување и харизма
Кога бил прашан како ги убедувал режисерите да му дадат улоги, одговорил:
„Верував во себе. Ако не ме сакаа, мислев дека им недостасува расудување. Некој ќе каже дека тоа е ароганција. Јас тоа го нарекувам негување на божествената искра во себе.“
Теренс Стемп ќе остане запаметен како актер со длабочина, харизма и духовен поглед на светот, кој го живееше животот помеѓу Холивуд и тишината на јогата.