Почина Сиси Хјустон, соул и госпел пејачка и мајка на Витни Хјустон

Сиси Хјустон, двократна добитничка на Греми, соул и госпел уметница, која пееше со Арета Френклин и Елвис Присли, почина на 91-годишна возраст.

Сиси Хјустон починала во понеделникот наутро во својот дом во Њу Џерси под домашна нега поради Алцхајмерова болест.

„Нашите срца се исполнети со болка и тага. Го губиме матријархот на нашето семејство“, се вели во соопштението на Пат Хјустон. Таа рече дека придонесот на нејзината свекрва за популарната музика и култура е „неспоредлив“.

„Мајка Сиси беше силна и извонредна фигура во нашите животи. Жена со длабока вера и убедување, која многу се грижеше за семејството, службата и заедницата. Нејзината повеќе од седумдецениска кариера во музиката и забавата ќе остане во првите редови на нашите срца“.

Црковен изведувач од рана возраст, Хјустон (родена Емили Дринкард) беше дел од семејна госпел група пред да се пробие во популарната музика во 1960-тите како член на истакнатата придружна група Sweet Inspirations со Дорис Трој и нејзината внука Ди Ди Ворвик. Групата пееше како придружба за различни соул пејачи, вклучувајќи ги Отис Рединг, Лу Ролс и Дрифтерс. Тие пееја и како придржуба за Дион Ворвик.

Sweet Inspirations, исто така, пееја на сцената со Присли, кого Хјустон со задоволство го памети по тоа што пеел госпел за време на паузите на пробите.

По успехот на групата и четирите заеднички албуми, Хјустон ги напушти Sweet Inspirations за да продолжи со соло кариера каде што процвета.

Хјустон стана барана пејачка и сними повеќе од 600 песни во повеќе жанрови во текот на нејзината кариера. Нејзиниот вокал може да се слушне на песни заедно со широк спектар на уметници како Чака Кан, Дони Хатавеј, Џими Хендрикс, Лутер Вандрос, Бијонсе, Пол Сајмон, Роберта Флак и Витни Хјустон.

Во 1971 година, вокалите со потпис на Хјустон беа вклучени на соло албумот на Бурт Бахарах, кој ги вклучува „Mexican Divorce“, „All Kinds of People“ и „One Less Bell to Answer“.

Сиси Хјустон велеше дека ја обесхрабрувала својата ќерка од шоу-бизнисот, но музиката била дел од поголемиот дел од животот Витни, од црква до сценски изведби до телевизија и филм и студиото за снимање. Подемот на Витни изгледаше неизбежен, не само поради нејзините очигледни таленти, туку и поради нејзиното потекло.

Витни Хјустон го имаше своето деби на националната телевизија кога таа и Сиси Хјустон пееја мешавина од хитови на Френклин на шоуто Мерв Грифин.

Тие често пееја заедно на концерт и се појавија во филмот „The Preacher’s Wife“ од 1996 година. Нивните најнеизбришливи моменти веројатно потекнуваат од видеото за еден од најголемите хитови на Витни од средината на 1980-тите, „Greatest Love of All“. Снимено е како омаж на мајка и ќерка, завршувајќи со радосната Витни која излегува од сцената на театарот Аполо во Харлем и ја прегрнува Сиси Хјустон.

Но, проблемите со дрогата го оштетија гласот и угледот на Витни ѝ на крајот и ставија крај на нејзиниот живот: таа беше пронајдена мртва во када на Беверли Хилс на 11 февруари 2012 година. Сиси Хјустон го обвинуваше сопругот Боби Браун за тоа што Витни толку „навлегла“ во дрогата, пишувајќи во мемоарите од 2013 година „Сеќавајќи се на Витни“.

Во 2015 година, Сиси Хјустон повторно тагуваше кога внуката Боби Кристина Браун, единственото дете на Боби Браун и Витни Хјустон, беше пронајдена во несвест во када, помина со месеци во кома и почина на 22-годишна возраст.

Сиси Хјустон беше накратко во брак со Фреди Гарланд во 1950-тите и беше во брак со таткото на Витни, Џон Расел Хјустон, од 1959 до 1990 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни