Почина поранешниот јапонски премиер Мурајама, познат по извинувањето за агресијата во Втората светска војна

Томиичи Мурајама, поранешен јапонски премиер познат по својата историска изјава на извинување за агресијата во Втората светска војна, почина на 101 година во болница во Оита.

Поранешниот јапонски премиер Томиичи Мурајама, кој е најпознат по своето историско извинување за јапонската агресија во Втората светска војна, денеска почина, соопшти Социјалдемократската партија.

Мурајама, кој ја извршуваше функцијата премиер од 1994 до 1996 година, имал 101 година. Починал во болница во градот Оита, изјави лидерот на социјалдемократите Мизухо Фукушима.

Во 1995 година, по повод 50-годишнината од крајот на Втората светска војна, тој ја искажа својата „длабока жал“ и „искрено извинување“ за јапонската „колонијална власт и агресија“. Изјавата на Мурајама беше поддржана и од сите следни влади.

За време на неговиот мандат, јапонската влада донесе и закони за обештетување на преживеаните жртви од атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни