Почина поранешниот басист од Рива, Ненад Накиќ Најке

Почина музичарот и композитор Ненад Накиќ Најке, поранешен член на групата Рива, која победи на Евровизија во 1989 година.

Накиќ се занимаваше и со продукција, беше иницијатор на низа музички случувања и детски фестивали во родниот Задар.

Најке беше басист во групата Рива, со која во 1989 година ја претставуваше Југославија на Евровизија и го освоија првото место.

Популарната задарска група беше основана една година претходно, но се распадна во 1992 година за време на војните во поранешна Југославија. Сепак и покрај тоа што бендот веќе не функционираше, членовите останаа во добри односи и често се среќавале.

Најново

Последни колумни