Почина основачот на HBO, Чарлс Долан

Долан ја започнал својата кариера средината на 60-тите години на минатиот век, кога добил дозвола да постави кабелска мрежа во дел од Менхетн во Њујорк, а неколку години подоцна, со цел да привлече гледачи, потпишал договор за пренос на плеjоф натпревари на тимовите Никс и Ренџерс на кабелската мрежа.

Американскиот милијардер Чарлс Долан, основач на кабелскиот телевизиски канал HBO, почина денеска во 98. години, соопшти неговото семејство, пренесува BBC.

Долан ја започнал својата кариера средината на 60-тите години на минатиот век, кога добил дозвола да постави кабелска мрежа во дел од Менхетн во Њујорк, а неколку години подоцна, со цел да привлече гледачи, потпишал договор за пренос на плеjоф натпревари на тимовите Никс и Ренџерс на кабелската мрежа.

На почетокот на 70-тите години основал Home Box Office (HBO) за емитување филмови и спортски програми, а 1974 година ја продал својата кабелска услуга и HBO, за да изгради Cablevision, која обезбедила телевизија и интернет за домаќинствата низ североистокот на САД.

Средината на 90-тите години компанијата Cablevision ја купила њујоршката арена Медисон Сквер Гарден, NBA тимот Њујорк Никс и NHL тимот Њујорк Ренџерс.

Семјството Долан го продаде Cablevision во 2015 година на европската компанија Altice за скоро 18 милијарди долари, но го задржа сопствеништвото над Медисон Сквер Гарден.

Според последните податоци од магазинот Форбс, имотот на Долан вредел 5,4 милијарди долари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни