Почина Нобеловецот Марио Варгас Љоса

Варгас Љоса ја доби Нобеловата награда за книжевност во 2010 година, а меѓу неговите најпознати дела се: „Тетка Јулија и сценаристот“, „Смрт во Андите“, и „Војната на крајот на светот“.

Перуанскиот писател и добитник на Нобелова награда, Марио Варгас Љоса, почина во Лима на 90-годишна возраст, соопшти неговото семејство. Синот на Љоса, Алваро Варгас Љоса, напиша на платформата Х (поранешен Твитер) дека писателот починал мирно во неделата, опкружен со своето семејство.

Варгас Љоса ја доби Нобеловата награда за книжевност во 2010 година, а меѓу неговите најпознати дела се: „Тетка Јулија и сценаристот“, „Смрт во Андите“, и „Војната на крајот на светот“.

Љоса е роден на 28 март 1936 година, а својот прв роман „Време на хероите“ го напиша во 1963 година. Потоа напиша десетици романи, драми и есеи. Рано ги напушти социјалистичките идеи и се приклони кон конзервативните ставови. Во 1990 година се кандидираше за претседател на Перу, наведувајќи дека сака да ја спаси земјата од економски хаос и марксистички бунт, пренесе „Ројтерс“.

Изгуби во вториот круг од Алберто Фухимори, тогаш непознат агроном и универзитетски професор, кој подоцна беше затворен поради злосторства поврзани со човекови права и корупција.

Фрустриран од поразот на изборите, писателот се пресели во Шпанија, но остана влијателен во Латинска Америка, каде што остро ги критикуваше левичарските лидери, особено тогашниот претседател на Венецуела Уго Чавез.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни