Мрзливецот со име Јан угинал од старост во зоолошка градина во Керфелд, блиску до Дизелдорф. Мрзливецот бил роден во дивина во 1969 година, а живеел во зоолошката градина Хагенбек во Хамбург до 1986 година, откако бил префрлен во КЕрфелд.
Јан во 2021 година бил запишан во Гинесовата книга на рекорди како најстар мрзливец за кој се грижат луѓето.
Беше познат и по големиот број на потомци. Јан според податоците бил татко на 22 млади мрзливци, од кои последното се родило во март оваа година.
Извор: Н1